Без вода седум улици во Куманово

Сподели со своите пријатели

Без вода во текот на денот во Куманово ќе бидат седум улици поради дефекти во дистрибутивната мрежа.

Loading...

Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи, станува збор за улиците „436“ и „422“ во населбата Иго Тричковиќ, ул. „Браќа Филиповиќ“, „Руѓер Бошковиќ“, „Иво Андриќ“, „Пионерска“ и „Пере Тошев“.

Екипите на ЈП „Водовод“ се на терен и работат на отстранување на дефектите.

Никола Ивановски

Leave a Reply