Без вода седум улици во Куманово

Сподели со своите пријатели

Поради дефекти во водоводната мрежа во овој момент без вода се седум улици во Куманово.

Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи, станува збор за дел од улиците „Бајрам Шабани“, „Трст“, „Борис Кидрич“, „Есперанто“, „Вук Караџиќ“, „Егејска Македонија“ и улица „43“ во населбата Карпош.

Екипите на ЈП „Водовод“ се на терен и работат на отстранување на дефектите.

Leave a Reply