Без вода седум локации во кумановско

Сподели со своите пријатели

Седум локации во кумановско во текот на денот ќе останат без вода, поради дефекти на мрежата.

Loading...

Како што информираат од ЈП „Водовод“ без вода ќе бидат улиците „Веселин Вуевски3, „Јоско Илиевски3, „11 Ноември“ спој со улица Романија (дел каде се изведува рушење на времени објекти), населбата Средорек, улица „Радое Димиќ“, м.в. Пчински пат и улицата „Боро Соколов“.

Освен тоа, ЈП „Водовод“ ќе има и интервенции на канализациона мрежа ќе има и тоа на улиците „Никола Вапцаров“ и „120“ во населбата Карпош.

Реконструкција на оштетени тротоари и коловози од дефекти на водоводна и канализациона мрежа ќе има на улицата „Ленинова3.

Никола Ивановски

 

Leave a Reply