Без вода седум локации во Куманово

Сподели со своите пријатели

Седум локации во Куманово денеска ќе бидат без вода поради дефекти или интервенции на водоводната мрежа.

Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи, поради дефекти на водоводната мрежа денеска без вода ќе бидат корисниците од улиците „Есперанто“, „Јоско Илиевски“,  „Доктор Рибар“, улицата „Никола Тесла“ број 143, како и населбата Долно Којнаре.

Поради чистење на водоводни шахти без вода ќе биде улицата „Бошко Буха“, додека пак поради приклучок на водоводна мрежа ќе биде улицата „Моша Пијаде“ кај новиот кружен тек во изградба.

Никола Ивановски