Седум локации во Куманово денеска ќе бидат без вода поради дефекти на водоводната мрежа.
Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи, прекини во снабдувањето со вода денеска ќе има на месноста Османов рид, како и улиците „Киро Фетак“, ул. „430“ во населбата Иго Тричковиќ, „Киро Антевски“, „Перо Илиевски“ бр. 8, „Благој Думановски“, Филтер станицата и околните објекти.
Екипите на ЈП „Водовод“ се на терен и работат на отстранување на дефектите.
Никола Ивановски

