Седум локации во Куманово денеска ќе бидат без вода поради интервенции на дефекти во водоводната мрежа.
Loading...
Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи, прекини во водоснабдувањето денеска ќе има на улиците: „Тоде Думба“, „Ѓуро Пуцар Стари“, „Драги Шутевски“, улица „10“ во населбата Јане Сандански, улицата „Вера Јоциќ“, улица „302“ во населбата Ајдучка чешма, како и улицата „11 Октомври“.
Екипите на ЈП „Водовод“ освен интервенции на овие улици, во текот на денот ќе вршат и реконструкција на оштетени тротоари и коловози од дефекти на водоводна и канализациона мрежа на улиците „Ѓуро Салај“ и „Франц Розман“.
Никола Ивановски