Поради дефект, на неколку локации денеска во Куманово има прекини во снабдувањето со вода.
Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи, без вода се улиците „Страшко Арсов“ , „4ти Јули“, „Париска Комуна“, „Србо Томовиќ“, улицата „6“ во населбата Јане Сандански како и месноста Стари Лозја.
Екипите на ЈП „Водовод“ се на терен и работат на отстранување на дефектите.

