Без вода повеќе локации во Куманово

Сподели со своите пријатели

Низа локации во Куманово денеска привремено ќе останат без вода поради дефекти на водоводната мрежа.

Loading...

Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи, прекини во снабдувањето со вода има на улицата „Ужичка“ бр. 45.

Кај м.в. Пчински пат прекини има порадивршење приклучок на водоводна мрежа, додека на улицата „Киро Фетак“ поради реконструкција на водоводни приклучоци.

Поради дефекти на водоводната мрежа без вода се улицата „Железничка станица“ бр.49 и „Клара Цеткин бр. 2.

ОСТУ „Наце Буѓони“ е без вода поради  ископ на ров за спојување на внатрешна водоводна мрежа на училиште, додека на улицата „Ѓуро Пуцар Стари“ бр. 91 има  дефект во водомерна шахта.

Екипите на ЈП „Водовод“ се на терен и работат на отстранување на дефектите.

Никола Ивановски