Без вода повеќе локации во Куманово

Сподели со своите пријатели

Пет локации во Куманово денеска се привремено без вода поради дефекти во водоводната мрежа.

Loading...

Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи, станува збор за улиците „Страшко Симонов“, „Тоде Мендол“ бр. 49, булевар „Трета МУБ“ бр. 71, населбата Средорек, улиците „2“ и „14“ во населбата Јане Сандански, како и улица „1“ во населбата Карпош.

Екипите на ЈП „Водовод“ се на терен и работат на отстранување на дефектите.

Никола Ивановски