Повеќе локации во Куманово денеска привремено ќе бидат без вода поради дефекти или интервенции на водоводната мрежа.
Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи, прекини на водата поради дефекти ќе има на улиците „Драги Шутевски“„Србо Томовиќ“, улица „1“ бр. 144 во населбата Долно Којнаре, „Ратко Митровиќ“ бр. 7 и бр. 8, „Веселин Маслеша“ бр. 77 и улица „Анѓа Ранковиќ“ бр. 11.
На улицата „Пелинска“ исто така ќе има прекини во водоснабдувањето поради испитување на водоводна мрежа со опрема за откривање на дефекти.
Прекини на вода ќе има и во населбата Вера Которка поради сервисирање на регулатор на притисок во водоводна мрежа.
Екипите на ЈП „Водовод“ се на терен и работат на отстранување на дефектите.
Никола Ивановски