Без вода во текот на денот ќе бидат повеќе локации во Куманово, поради дефекти на дистрибутивната мрежа.
Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи, станува збор за улиците: „423“ во населбата Иго Тричковиќ, „Босанска“, „Боро Прцан“, ул. „16“ во населбата Јане Сандански, „Белановска“, м.в. Пчински пат и населбата Средорек.
Екипите на ЈП „Водовод“, освен на решавање на дефектите со водоснабдувањето, денеска паралелно ќе работат и на интервенции на канализациската мрежа и тоа на улиците „Ѓорче Петров“ и „Леновинова“, како и на булеварите „Октомвриска револуција“ и „Трета МУБ“,
Никола Ивановски

