Без вода повеќе локации во Куманово

Сподели со своите пријатели

Повеќе улици во Куманово денеска се привремено без вода поради дефекти или интервенции на водоводната мрежа.

Loading...

Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи, прекини има кај корисниците од улиците „Борис Кидрич“ и „Димитрие Туцовиќ“ (сектор Орта бунар), улица „40“, во населбата Карпош, улица „Толи Зордумис“ бр. 3, „Бајрам Шабани“.

Без вода е и фонтаната „Батко Ѓорѓија“ поради чистење и сервисирање.

Прекини има и во ООУ „Браќа Миладинови“ (сектор „Наце Буѓони“) поради изместување на водомер и изведба на спојување на постоечка инсталација со новоизведена.

Кај м.в. Османов рид се врши ископ на ров за прецизно позиционирање на постоечка водоводна цевка поради изведба на објекти на железничка пруга.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  51-годишен кумановец натепан на градскиот плоштад

Поради секторско скенирање на вода, прекини има и кај Индустриска зона во населбата Вера Которка.