Без вода повеќе локации во Куманово

Сподели со своите пријатели

Неколку локации во Куманово денеска се без вода поради дефекти или интервенции на водоводната мрежа.

Loading...

Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи, прекини во водоснабдувањето денеска има кај корисниците од улиците: „Видое Смилевски Бато“, „Боро Соколов“, улица „25 Февруар“ бр.2, „Ангел Дуцо“, „Крсте Мисирков“ бр. 28, „„Киро Фетак“ м.в. „Гладно поле“ и улицата „Санде Стоилковски“ во населбата Вера Которка.

Екипите на ЈП „Водовод“ се на терен и работат на отстранување на дефектите.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Комунални редари секојдневно ќе вршат контроли покрај коритото на Кумановка