Без вода повеќе локации во Куманово

Сподели со своите пријатели

Без вода во текот на денешниот ден ќе останат низа локации во Куманово, поради дефекти и санациии на водоводната мрежа.

Loading...

Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи, прекини во снабдувањето има на улицата „Перо Чичо“, улицата „159“ во населбата Карпош, крстосницата меѓу илиците „Трета МУБ“ и улицата „Гоце Делчев“ поради изведба на нов кружен тек.

Прекини има и на дел од улиците: „Доне Божинов“ (Житомел), „11 Ноември“ бр. 14, „Никола Тесла“ бр. 97, „Киро Фетак“.

Без вода се и фонтаните на градски плоштад на кои се врши санација.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Викенд прогноза за Куманово: Какво време носи последниот викенд од октомври?

Никола Ивановски