Седум локации во Куманово денеска привремено ќе бидат без вода, информираат надлежните.
Loading...
Според Регионалниот центар за управување со кризи, причините се дефекти и интервенции на водоводната мрежа.
Без водоснабдување ќе бидат корисниците од улиците „Браќа Миладиновци“ бр. 3, „Стојан Сликар“ бр. 8, „Киро Фетак“, „Никола Вапцаров“, „Франц Розман“, „Ѓуро Пуцар Стари“.
Регистриран е и дефект на главниот вод Ф500 во близина на ФЗЦ.
Екипите на ЈП „Водовод“ се на терен и работат на отстранување на дефектите.
Никола Ивановски