Без вода во текот на денешниот ден привремено ќе бидат повеќе локации низ Куманово, поради дефекти на водоводната мрежа.
Loading...
Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи, прекини денеска има на улицата „Киро Фетак“, булеварот „Трета Македонска Ударна Бригада“ од број 130 до број 178, улиците „4“ и „17“ во населбата Карпош, улицата „Никола Вапцаров“, но и Општа болница Куманово.
Екипите на ЈП „Водовод“ се на терен и работат на отстранување на дефектите.
Никола Ивановски