Повеќе локации низ Куманово денеска ќе бидат без вода поради дефекти во водоводната мрежа.
Loading...
Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи, станува збор за улиците „Миле Кипра“, „Илинденска“, „Веселин Маслеша“, „Тоде Думба“, „Лесковачка“, улица „7“ во населбата Карпош, дел од селото Проевце (вод кон воени магацини), како и м.в. Османов рид.
Екипите на ЈП „Водовод“ се на терен и работат на отстранување на дефектите.
Никола Ивановски