Пет локации во кумановско во текот на денешниот ден ќе бидат без вода поради дефекти во мрежата.
Loading...
Како што информираат од Регионалниот центар станува збор за улиците „Босанска“, „Егејска Македонија“, „Васко Карангеловски“, главниот довод од Липково до Филтер станицата, како и улицата „1“ во населбата Долно Којнаре.
Екипите на ЈП „Водовод“ се на терен и работат на нормализирање на водоснабдувањето.
Никола Ивановски