Без вода пет локации во Куманово

Сподели со своите пријатели

Поради дефекти на водоводната мрежа денеска во Куманово привремено без вода ќе останат пет локации.

Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи, пради дефекти на водоводната мрежа без вода се корисниците на улицата „Никола Тесла“ и селото Долно Којнаре.

Поради приклучок на водоводната мрежа прекини има кај новиот кружен тек во изградба на улицата „Моша Пијаде“.

Прекини во снабдувањето има и во фабриката за преработка на вода – Филтер станица, каде се врши замена на затворач Ф-250.

Без вода се и корисниците од „Бајрам Шабани“ поради детекција на дефекти на водоводна мрежа.

Екипите на ЈП „Водовод“ се на терен и се очекува нормализирање на водоснабдувањето во текот на денот.

Никола Ивановски