Без вода денеска привремено ќе останат пет локации во Куманово.
Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи, станува збор за улиците „Страшо Пинџур“, „Борис Кидрич“, „Иван Милутиновиќ“, „Никола Тесла“ и „6ти Април“.
Екипите на ЈП „Водовод“ се на терен и работат на отстранување на дефектите.
Паралелно со тоа, на улицата „Видео Смилевски – Бато“ и булеварот „Трета МУБ“ се вршат интервенции на канализациската мрежа.
Никола Ивановски