Без вода овие локации во Куманово

Сподели со своите пријатели

Без вода во текот на денот ќе бидат повеќе локации во Куманово поради дефекти на водоводната мрежа.

Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи прекини со водоснабдување денеска ќе има на улиците „Б. Б. Гуцман“ од бр. 65 до бр.71, „Киро Фетак“, улица „415“ во населбата Иго Тричковиќ, улиците „Никола Вапцаров“ и „Симо Погачаревиќ“, како и локацијата Митев мост.

Екипите на ЈП „Водовод“ се на терен и работат на отстранување на дефектите.

Никола Ивановски

Leave a Reply