Без вода осум локации во Куманово

Сподели со своите пријатели

Без вода во Куманово денеска ќе бидат осум локации, поради дефекти на водоводната мрежа.

Loading...

Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи, станува збор за улиците „59“ и „1“ во населбата Карпош, улиците „Веселин Маслеша“, „30 Јули“, 6ти Април“, улица „710“ во населбата Перо Чичо, улица „Козјачка“ и дел од булеварот „Октомвриска револуција“ кај зградата на „Нико“.

Освен интервенција на наведените локации, екипите на ЈП „Водовод“ ќе интервенираат и на канализациската мрежа на улицата „Бајрам Шабани“.

Воедно ќе се врши реконструкција на оштетени тротоари и коловози од дефекти на водоводната и канализациската мрежа на улиците „Денко Драганов“ и „Биљановска“.

Никола Ивановски

Leave a Reply