Без вода денеска во Куманово ќе бидат неколку улици поради дефекти на дистрибутивната мрежа.
Loading...
Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи, прекини со водоснабдувањето денеска ќе има не улиците „Абдула Прешева“, „103“ во населбата Карпош, ул. „14“ во населбата Јане Сандански, како и улиците „Доктор Рибар“, „Есперанто“, „Киро Фетак“ и „Карадачки Одреди“.
Екипите на ЈП „Водовод“ се на терен и работат на отстранување на дефектите.
Никола Ивановски