Неколку улици во Куманово денеска привремено ќе бидат без вода поради дефекти или интервенции на водоводната мрежа.
Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи прекини ќе има на булеварот „Трета МУБ“ (сектор покрај БС Макпетрол-Проевце) поради приклучување на станбено деловен објект на водоводна мрежа.
Поради дефекти прекини има на улиците „15 Мај“, „Киро Антевски“ бр. 77, како и улицата „429“ бр. 13, населбата Иго Тричковиќ.
Без водоснабдување ќе бидат и корисниците од улиците „Х.Т.Карпош“ бр. 102 и „Тоде Мендол“ бр. 48.
Дефект има и на на главен челичен доводен водоводен вод Ф508 покрај блокара на Гранит.
На улицата „Александар Здравковиќ“ во тек е прекин поради трасирање на постоечка водоводна мрежа.
Екипите на ЈП „Водовод“ се на терен и се работи на нормализирање на водоснабдувањето.
Никола Ивановски