Неколку локации во Куманово денеска ќе бидат без вода поради дефекти на мрежата, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи.
Loading...
Дефекти се регистрирани во м.в. Стари лозја, улицата „Тоде Мендол“, на булеварот „Октомвриска револуција“, како и на главниот доводен вод Ф508 кај фабриката „Кожара“.
Екипите на ЈП „Водовод“ се на терен и работат на отстранување на дефектите.
Никола Ивановски