Без вода во текот на денот ќе бидат неколку локации во Куманово, поради дефекти на дистрибутивната мрежа.
Loading...
Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи, станува збор за улиците „Стефан Филиповиќ“, „Раде Кончар“, „Љупчо Арсов“, м.в. Стари Лозја и дефект на главен доводен вод Ф500 во круг на ФЗЦ – нова фабрика.
Екипите на ЈП „Водовод“ се на терен и работат на отстранување на дефектите.
Никола Ивановски