Поради интервенции на водоводната мрежа, привремено без вода во Куманово денеска ќе бидат пет локации.
Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи, станува збор за улиците „Народна Револуција“, „Биљановска“, „Михајло Пупин“, дел од булеварот „Октомвриска револуција“ (објекти околу „Металнет“ и „Кам маркет“), како и населбата Средорек.
Екипите на ЈП „Водовод“ се на терен и работат на нормализирање на водоснабдувањето.
Паралелно со тоа се врши интервенција и на канализационата мрежа на патот за Кумановска бања.
ЈП „Водовод“ врши и реконструкција на оштетени тротоари и коловози од дефекти на водоводна и канализациона мрежа на улиците „Тане Георгиев“, „Никола Карев“, „Професор Мијалковиќ“, „25ти Февруари“ и „КЈ Питу“.
Со задоцнување, денеска надлежните информираат и дека вчера од страна на претпријатието Енергомонт од Скопје, поради изведба на мост на железничка пруга кон селото Бељаковце, на улица „Ѓорче Петров“ била изведувана дислокација на постоечката водоводна мрежа Ф250, поради тоа водоснабдувањето било прекинато за улица „Ѓорче Петров“ (од вкрстување со железничка пруга до улица „Бранко Радичевиќ“) и улица „Бранко Радичевиќ“.
Поради реконструкција на водоводна мрежа и приклучоци, привремено водоснабдувањето ќе биде прекинато на улица „Миодраг Петровиќ“.
Никола Ивановски