Без вода неколку локации во Куманово

Сподели со своите пријатели

Без вода во текот на денешниот ден ќе бидат неколку локации во Куманово поради дефекти на водоводната мрежа.

Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи, станува збор за населбите Черкези и Железничка станица, улицата „Тоде Думба“ од броевите 68 до 84, како и месноста викана Амбар маала.

Екипите на ЈП „Водовод“ се на терен и работат на отстранување на дефектите.

Никола Ивановски

Leave a Reply