Без вода денеска пет локации во Куманово

Сподели со своите пријатели

Пет локации во Куманово денеска ќе бидат привремено без вода поради дефекти или интервенции на водоводната мрежа.

Loading...

Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи, прекини ќе има на улицата „Индустриска (сектор Мак Кожа, Скопска пивара) поради дефект на приклучок на водоводна мрежа.

На улицата „Ужичка“ бр. 22 поради испитување на водоводна мрежа со опрема за детекција на дефекти. Доколку се потврди постоење на дефект на водоводна мрежа, ќе се врши поправка на истиот.

Поради приклучок на водоводна мрежа прекини ќе има на улицата „Страшко Симонов“, додека поради дефект без вода ќе останат корисниците од улицата „Стеван Филиповиќ“.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Ќе стане ли кумановец градоначалник на Цирих?

На улицата „Никола Тесла“ ќе се врши испитување на постоечка водоводна мрежа со опрема за мерење на параметри на водоводна мрежа (притисок, проток, шум поради истекување и корелација на добиените мерења).