Четири локации во Куманово денеска ќе бидат привремено бе вода поради дефекти на водоводната мрежа.
Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи, без вода привремено ќе бидат: улицата „Цар Самоил“ бр. 22 – поради дефект на водоводна цевка, улица „Трајко Јовановски“ – поради приклучок на водоводна мрежа.
Дефект на водоводната мрежа има и во месноста викана Стари лозја, додека пак на улицата „Братство и Единство“ (Градски стадион) се врши изведба на водоводна шахта за монтажа на опрема за мониторинг на водоводна мрежа.
Екипите на ЈП „Водовод“ се на терен и во текот на денот се очекува стабилизирање со водоснабдувањето.
Никола Ивановски

