Без вода 10 локации во Куманово

Сподели со своите пријатели

Десет локации во Куманово денеска ќе бидат без вода, поради дефекти на дистрибутивниот систем.

Loading...

Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи, станува збор за улиците „Ѓуро Ѓаковиќ“, „Драги Шутевски“, „Доктор Рибар“, „Цар Самоил“, „Тоде Думба“, „Орце Николов“, „159“ во населбата Карпош, „Веселин Маслеша“, „Благој Стефковски Гојчо“ и м.в. Стари Лозја.

Екипите на ЈП „Водовод“ се на терене и работат на отстранување на дефектите.

Никола Ивановски

Leave a Reply