Повеќе кумановски села во понеделник и вторник ќе бидат привремено без електрична енергија.
Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи во понеделник во период од 08:00 до 16:00 часот без напојување со електрична енергија ќе бидат селата Мургаш, Кутлибег, Пезово, К’шање и Кокошиње.
Од 10:30 до 14:30 часот прекини ќе има во селата Бељаковце и Довезенце.
Во период од 08:00 до 11:00 часот во понеделник без напојување со електрична енергија ќе бидат корисниците од село Режановце, спортскиот аеродром Аџитепе и реонот на Ново Куманово.
Во вторник во период од 08:30 до 12:30 часот прекини се најавени за селата:
К’шање, Кучкарево, Габреш, Кокошиње, Градиште, Кутлибег, Зубовце, Мургаш, Клечевце, Орман, Новосељане, Колицко, Пезово, Косматац и Скачковце.
Станува збор за најавени прекини од страна на ЕВН Македонија поради интервенција во дистрибутивната мрежа.
Никола Ивановски