Без струја во Куманово денеска и утре неколку локации

Сподели со своите пријатели

Денеска и утре неколку локации низ Куманово ќе бидат привремено без електрично напојување.

Како што информираат од Регионалниот центар за управување со крзии, денеска во период од 08:00 до 13:30 часот прекини ќе има на улиците „Ристо Романовски“, „Скопска“, „Карадачки одреди“, локалитет Поток Серава.

Прекини во истиот период денеска ќе има и кај корисниците од улиците „Доктор Рибар“, „Франц Розман“ и „Благој Паровиќ“.

Утре во период од 08:30 до 11:30 часот без струја ќе бидат жителите од улиците „11-ти Ноември“ и „Трајко Додевски Јовановски“.

Во период од 08:30 до 14:00 часот утре прекини ќе има кај локалитетот Чоче, односно стопанските објекти и домаќинствата кои се наоѓаат на тој дел од булеварот „Октомвриска револуција“.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Општина Куманово ќе субвенционира кирија за социјално ранливи категории граѓани

Прекини за утре се најавени и во селото Старо Нагоричане во период од 09:00 до 15:00 часот.

Никола Ивановски