Повеќе населби и села во општините Куманово и Старо Нагоричане утре ќе бидат привремено без напојување со електрична енергија.
Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи, прекини утре во период од 09:35 до 13:00 часот ќе има во населбите Перо Чичо (м.в. Магаза и Гладно поле), како и во Ајдучка чешма и село Тромеѓа.
Во истиот период прекини ќе има во сите села на подрачјето на Општина Старо Нагоричане.
Без струја паралелно ќе останат и повеќе села во кумановско, меѓу кои Клечовце, Зубовце, Новосељане, Градиште. Орман, Кучкарево, Габреш, Скачковце, Колицко, Мургаш, Кутлибег, Пезово, К’шање и Кокошиње.
Станува збор за планирани прекини од страна на ЕВН поради интервенции во дистрибутивната мрежа.
Никола Ивановски