Без струја утре поголем дел од Куманово

Сподели со своите пријатели

Повеќе локации од Куманово утре привремено ќе останат без електрична енергија во текот на денот, поради најавени прекини од ЕВН.

Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи, без електрична енергија утре во период од 08:00 до 15:00 часот ќе бидат: населбата Средорек, улицата „Никола Тесла“, објеките околу стара Печатница, сите објекти и згради меѓу булеварот „Октомвриска револуција“ и реката (од семафорите до Тутунска банка), како и дел од улицата „Доне Божинов“ од Кружниот тек до пругата.

Во период од 08:30 до 14:00 часот прекини се најавени за 11 компании кои се занимаваат со производство на струја од фотоволтаици.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Од утре нови врнежи од дожд, на планините и снег

Причината за најавените прекини не е наведена.

Никола Ивановски