Без струја утре делови на Куманово и Липково

Сподели со своите пријатели

Делови на Куманово и липково утре привремено ќе бидат без снабдување со електрична енергија во периоди од денот.

Loading...

Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи, во период од 09:00 до14:00 часот прекини ќе има во населбата Карпош, поточно делот кај гробиштата.

Од 12:00 до 14:00 без електрична енергија ќе бидат корисниците од улиците „Есперанто“, „Бајрам Шабани“, „Димо Хаџи Димов“, „Франц Розман“ и улицата „Максим Горки“.

Во период од 09:30 до 11:30 часот прекини ќе има кај жителите од локалитетот Поток Серава, како и улиците „Младен Стојановиќ“, Драгојло Диндиќ“ и „Киро Антевски“.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кривопаланчанец натепал кумановец и му го оштетил возилото

Од 08:15 до 14:30 часот прекини ќе има и во липковскиот крај и тоа во селата Оризаре, Слупчане, Извор, Алешевце, Руница и Белановце.

Станува збро за планирани прекини од страна на ЕВН поради интевенција во дистрибутивната мрежа.

Никола Ивановски