Делови на Куманово и Липково утре ќе бидат привремено без електрична енергија, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи.
Loading...
Во период од 08:00 до 12:00 часот прекини ќе има кај корисниците од улицата „11 Октомври“, како и Шпаркасе банка.
Во период од 09:00 до 14:00 часот прекини се најавени за корисниците кои гравитираат на патниот правец од село Опае до село Оризаре, како и објектите на потег од село Опае кон село Слупчане во Липково.
Станува збор за најавени прекини од страна на ЕВН Македонија поради интервенции на дистрибутивната мрежа.
Никола Ивановски