Без струја утре делови на Куманово

Сподели со своите пријатели

Делови на Куманово утре ќе бидат привремено без електрична енергија, информираат денеска од Регионалниот центар за управување со кризи.

Loading...

Во период од 07:30 до 08:30 часот без електрично напојување ќе бидат жителите на дел од улиците „Никола Тесла“,„Тошо Ангеловски“, „Јоско Илиевски“, „Гиго Цветковски“ и локалитетот Пилана, Ново Куманово.

Станува збор за најавени прекини од страна на ЕВН Македонија поради интервенција во дистрибутивната мрежа.

Никола Ивановски

Leave a Reply