Седум села во Старо Нагоричане утринава се без електрична енергија.
Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи станува збор за селата Рамно, Арбанашко, Жегљане, Длабочица, Дејловце, Буковљане и Цветишница.
Засега не е познато кога повторно ќе добијат електрична енергија, со оглед дека ов овие села има и снежна покривка која може да го отежне пристапот на екипите на ЕВН.

