Повеќе локации низ Куманово и Старо Нагоричане денеска привремено ќе бидат без снабдување со електрична енергија.
Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи, во период од 08:45 до 14:00 часот прекини во снабдувањето ќе има во населбата Перо Чичо, м.в. Гладно Поле, населбата Ајдучка Чешма и село Тромеѓа.
Во истиот период без струја ќе бидат и селата Четирце, Карабичане, Довезенце, Бељаковце, Клечовце, Зубовце, Новосељане, Косматац, Мургаш, Кутлибег, Пезово, К’шање, Кокошиње, Градиште, Орман, Кучкарево, Габреш, Скачковце,.
Прекини ќе има и во сите села во општината Старо Нагоричане.
Станува збор за најавени прекини од страна на ЕВН Македонија поради интервенција во дистрибутивната мрежа.
Никола Ивановски