Повеќе локации низ Куманово во текот на денешниот ден ќе бидат без електрична енергија во одредени интервали, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи.
Во период од 08:30 до 15:00 часот прекини во дистрибуцијата на електрична енергија ќе бима во населбата Вера Которка, компаниите „Нико Шус“, „Интер Шпред“ и Прочестителната станица.
Претходно во период од 06:30 ди 08:30 прекини имаше во дел од населбите Вера Которка, Гоце Делчев и локалитетот Ловечки дом, улицата „Васко Карангеловски“, насебата Бадин дол и улицата „Лесковачка“.
Станува збор за најавени прекини од страна на ЕВН Македонија.