Делови од Куманово и околните села денеска привремено ќе останат без електрична енергија во текот на денот.
Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи, денеска во период од 08:00 до 14:00 часот без струја ќе бидат селата Макреш, Жељувино, Алинце, Цвилинце, Дренак, Добрача, Канарево и Бајловце.
Од 08:30 до 14:00 часот утре без струја ќе бидат корисниците од улиците „Киро Фетак“, улицата „Карл Маркс“, како и дел од улицата „Христијан Тодоровски Карпош“ (сите во околината на пазарот).
Прекини од 08:30 до 14:00 часот ќе има и кај корисниците на дел од булеварот „Трета МУБ“, поточно од кружниот тек до бензинската „Лук Оил“.
Никола Ивановски

