Без струја голем број локации во Куманово

Сподели со своите пријатели

Во текот на денешниот ден без снабдување со електрична енергија ќе останат повеќе делови од градот, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи.

Така, во период од 09:00 до 11:00 часот прекини ќе има на улиците: „Максим Горки“, „Бајрам Шабани“, „Славиша Вајнер“ и „Франц Розман“, во време од 11:00 до 13:00 часот улиците: „Бајрам Шабани“, „Димче Каранфилски“, „Димо Хаџи Димов“ и дел од „Симо Погачаревиќ“, во период од 13:00 до 15:00 часот без струја ќе се улиците: „Киро Антевски“, „Серава“, „Драгојло Димиќ“, „Франц Розман“ и „Младен Стојановиќ“.

Станува збор за најавени прекини од страна на ЕВН Македонија поради интервенција во електро дистрибутивната мрежа, со цел подобрување на услугата кон корисниците.