Три локации денеска во Куманово привремено ќе останат без електрично напојување во текот на денот.
Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи, во период од 08:00 до 16:00 часот прекини ќе има кај корисниците од улиците „Трајко Прокопиев“ и „Благој Думановски“.
Во период од 08:30 до 14:00 часот прекини ќе има кај Ветеринарниот сточарски центар, веднаш до Домот за стари лица „Зафир Сајто“.
Прекини денеска ќе има и во селото Младо Нагоричане, маала Ацинци, во период од 08:45 до 14:30 часот.
Никола Ивановски

