Неколку локации во во Куманово во текот на денешниот ден привремено ќе останат без напојување со електрична енергија.
Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи, сите четири локации се околу автобуската станица.
Во период од 08:30 до 14:00 часот прекини ќе има на автобуската станица, ресторан „Парк“, бараките пред автобуската станица и бензинската пумпа „Макпетрол“ која се наоѓа на истата локација.
Во билтенот на РЦУК не е наведена причината за прекините.
Никола Ивановски

