Без струја денеска неколку локации во Куманово

Сподели со своите пријатели

Неколку локации во Куманово денеска привремено ќе биде без електрична енергија поради најавени прекини од ЕВН Македонија.

Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи, во период од 08:30 до 12:30 часот без струја ќе бидат корисниците од улиците  „Сава Ковачевиќ“, „Милан Лисица“, Крушевска Република“ и „Осоговска“.

Во истиот период без напојување со електрична енергија ќе останат и објектите на улиците „Боро Прцан“ и „Србо Томовиќ“ кај училиштето „Толи Зордумис“.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Отворен ден со Царинската управа денеска на плоштадот во Куманово