Без струја денеска локации во Куманово, утре во Младо Нагоричане

Сподели со своите пријатели

Неколку локации во Куманово денеска, а во селото Младо Нагоричане во текот на утрешниот ден, привремено ќе останат без електрична енергија.

Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи, денеска во период од 08:00 до 14:30 часот без напојување со електрична енергија ќе бидат жителите од улиците „Милан Лисица“,„Боро Прцан“   и „Србо Томовиќ“.

Во истиот период без електрична енергија ќе биде и Основното општинско училиште „Толи Зордумис“.

Во текот на утрешниот ден прекини во снабдувањето ќе има во неколку маала во селото Младо Нагоричане.

Така во период од 08:10 до 14:00 часот без струја ќе бидат маалата Беламарци, Еребичарци, Вуевци, Смилчинци,  како и базната станица на операторот А1.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Приведен кумановец кој возел со 1,63 промили алкохол

Никола Ивановски