Во период од 09:00 до 11:00 часот во текот на денешниот ден без електрична енергија ќе останат дел од улиците „Раде Кончар“ и „11ти Октомври“.
Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи прекини во електро снабдувањето се очекуваат и за утре и тоа на улиците „Сава Ковачевиќ“, „11 Отомври“, „Раде Кончар“, „Србо Томовиќ“ и „Вера Јоцич“ во период од 08:00 до 12:00 часот., додека пак во период од 08:00 до 15:00 часот без струја ќе бидат дел од селата Младо Нагоричане, Азмак, Зебрњак и Петрличане.
Станува збор за најавени прекини од страна на ЕВН Македонија поради интервенција во мрежата.