Без струја денеска и утре повеќе локации во Куманово

Сподели со своите пријатели

Без електрична енергија денеска и утре привремено ќе бидат повеќе населби и села низ Куманово.

Loading...

Како што информираат од Управата за хидрометеоролошки работи, денеска од 08:00 до 10:30 часот прекини ќе има кај корисниците од улиците „Перо Шварц“, „Миле Кипра“, „Ангел Мицевски – Дуцо“, „Нада Михајлова“, „Власто Радоњанин“, дел од булеварот „3-та МУБ“ кај локалитет „Тракторска“, дел од улицата „Перо Чичо“ кај Гимназијата, дел од улицата „Среќко Пужаљка“ кај Гимназијата, дел од улицата „Светозар Марковиќ“, дел од „Никола Карев“ „Прва Петолетка“ и „Доско Молер“.

Во период од 09:00 до 13:00 часот во текот на денешниот ден прекини ќе има во селата Облавце, Војник, Руѓинце, Старо Нагоричане и Сув Орах.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кумановец физички го нападнал својот татко

Oд 11:00 до 13:00 часот денеска без електрично напојување ќе бидат дел од улиците „Пиринска Македонија“,„Иво Лола Рибар“, „Драган Драганов“, „Вера Которка“, дел од зградите помеѓу „Пиринска Македонија“ и булеварот „Октомвриска Револуција“ (позади економското училиште).

Утре во период од 11:00 до 13:00 часот прекини се најавени за Спортска сала, објекти спроти кејот на река Кумановка, дел од улицата „Моша Пијаде“ од градинката до кружниот тек.

Во период од 07:50 до 13:30 часот утре прекини ќе има  во селото Долно Којнаре, м.в. Палестина, како и селото Горно Којнаре.

Од 08:00 до 16:00 часот без струја ќе бидат жителите од селата Мургаш, Кутлибег, Пезово, К’шање, и Кокошиње.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Признание за општина Куманово како најуспешна во обезбедување еднаков пристап до образование за сите деца

Од 08:00 до 10:30 часот  зградите помеѓу булеварот „Октомвриска револуција“ и Економско училиште.

Loading...

Од 10:55 до 13:00 часот без струја ќе биде селото Долно Којнаре, фотоволтаична централа „Солар Енерџи Компани“, училиштето „Киро Бурназ“, пекара „Златен Клас“, како и корисниците околу улицата „Никола Тесла“ пред надвозник.

Станува збор за најавени прекини од ЕВН Македонија поради интервенција во мрежата.

Никола Ивановски