Без струја денеска и утре повеќе делови од Куманово и околните села

Сподели со своите пријатели

Делови од Куманово и околните села денеска и утре привремено ќе останат без електрична енергија во текот на денот.

Како што информираат од Регионалниот центар за управување со кризи, денеска во период од 08:25 до 10:30 часот прекини ќе има во селото Кучкарево.

Во период од 08:30 до 14:30 часот без напојување со електрична енергија ќе останат улиците „Боро Прцан“ и „Милан Лисица“.

Од 08:45 до 14:30 прекини ќе има и кај корисниците од улиците „11 Ноември“, „Трајко Додевски Јовановски“.

Во истиот период без струја ќе остане и населбата Бедиње.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  ЖРК Куманово претрпе пораз од Чаир

Браната на вештачката акумулација Глажња без напојување ќе биде денеска од 12:00 до 13:30 часот.

Утре во период од 08:00 до 14:00 часот без струја ќе бидат селата Макреш, Жељувино, Алинце, Цвилинце, Дренак, Добрача, Канарево и Бајловце.

Од 08:30 до 14:00 часот утре без струја ќе бидат корисниците од улиците „Киро Фетак“, улицата „Карл Маркс“, како и дел од улицата „Христијан Тодоровски Карпош“ (сите во околината на пазарот).

Прекини од 08:30 до 14:00 часот ќе има и кај корисниците на дел од булеварот „Трета МУБ“, поточно од кружниот тек до бензинската „Лук Оил“.

Никола Ивановски